Задолжително пензиско и инвалидско осигyрување врз основа на генерациска солидарност (Фонд на ПИОСМ) и претставува осигyрување организирано според принципот на тековно финансирање (рау-аѕ-уоu-go), што значи дека сегашните осигуреници (вработените) плаќаат придонеси од кои се исплаќа пензија на сегашните пензионери.
Задолжително капитално финансирано пензиско осигyрување (задолжителни пензиски фондови) претставува осигурување кое се темели врз основа на капитализација на средствата, на принцип на дефинирани придонеси.
Доброволно капитално финансирано пензиско осигyрување (доброволни пензиски фондови) е осигyрување врз основа на капитализација на средствата, на принцип на дефинирани придонеси, но на добровопна основа.