Клучните видеа од досегашните кампањи за информирање на граѓаните за капитално финансираното пензиско осигурување.
2026 · Твоја патека, твоја иднина
Твоја патека, твоја иднина
Низ годините се менуваат плановите, приоритетите и одлуките, но секој чекор што го правиме денес е дел од иднината што ја градиме.
А пензиската сигурност не започнува на крајот од патот. Таа се создава додека го одиме.
Твоја патека. Твоја иднина.🌱
2025 · Засади желба
Засади желба за стабилна иднина
Обезбеди посигурна иднина со информирани финансиски одлуки, затоа што сите твои одлуки денес ја дефинираат сигурноста во иднината.
2025 · Засади желба
Предностите на тростолбниот пензиски систем
Дознајте повеќе за задолжителното и за доброволното пензиско осигурување односно втор и трет пензиски столб. Членовите на управните одбори на трите пензиски друштва Сава пензиско друштво, Триглав пензиско друштво и КБ Прво пензиско друштво објаснуваат како во изминатите 20 години друштвата работат да обезбедат финансиска сигурност за иднината на членовите на пензиските фондови, преку сигурно инвестирање и остварување на оптимални приноси.