Настан · 26 ноември 2026
Одржливи пензиски системи, меѓународни искуства и предизвици
Одржливи пензиски системи, меѓународни искуства и предизвици
Конференцијата „Одржливи пензиски системи, меѓународни искуства и предизвици“ ќе ги обедини домашните и меѓународните експерти и претставниците на пензискиот и финансискиот сектор во дискусија за актуелните состојби, развојот и иднината на пензиските системи. Во фокусот ќе бидат предизвиците поврзани со демографските и економските промени, како и потребата од долгорочни и одржливи решенија.
Преку презентација на Глобалниот пензиски индекс 2026 и размена на меѓународни искуства, конференцијата ќе понуди увид во различните пензиски модели и европските перспективи. Настанот има за цел да поттикне стручна дискусија, размена на знаења и меѓународна соработка во насока на градење посигурна пензиска иднина за следните генерации.
Пријави се
Резервирај го своето место
Ве замолуваме да го потврдите вашето присуство
Засади желба. Твоја патека, твоја иднина.
КБ Прво пензиско друштво АД Скопје
бул. Митрополит Теодосиј Гологанов бр.6, 1000 Скопје
Триглав пензиско друштво АД Скопје
Бул. 3-та Македонска бригада 36
Агенција за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување
ул. Славко Јаневски бр.100, 1000 Скопје