Назад
Ажурирање на лични податоци
Со цел точно и навремено доставување на редовните годишни известувања (зелениот плик) до своите членови, од особено значење е членовите на вториот и третиот столб да вршат ажурирање на своите лични податоци.
Ажурирањето или коригирањето на своите податоци, членовите на пензиските фондови можат да го направат на еден од следните начини:
- Ажурирање со писмено барање – со пополнување на Барање за ажурирање/корекција на личните податоци. Притоа, заради лична идентификација на подносителот на барањето друштвото врши:
- Непосреден увид во документ за лична идентификација на членот преку лице овластено од друштвото или агент;
- Телефонски контакт со членот, при што обезбедува снимка од разговорот;
- Ажурирање преку интернет страница – преку својот електронски систем на интернет страницата, друштвото му овозможува на член на пензиски фонд да ги ажурира своите лични податоци: име, презиме, адреса на живеење, место на живеење, поштенски код, место за коресподенција, поштенски код за коресподенција, адреса за коресподенција, телефон и електронска пошта.
Притоа, друштвото обезбедува електронска идентификација и проверка на авторизацијата на лицето кое сака да изврши ажурирање на податоците.
- Ажурирање преку телефонски контакт со пензиските друштва – член на пензиски фонд може да ги ажурира и/или коригира податоците кои се однесуваат на адресата за живеење или адресата за коресподенција со телефонско јавување на контакт телефоните на пензиските друштва.
Друштвото го идентификува членот при што обезбедува снимка од разговорот.