Зошто дополнително да штедам за пензија?
Повеќето луѓе не размислуваат за осигурување на иднината во нивните 20-ти, дали и вие сте меѓу нив?
Соочени со промените во општеството, повеќе од кога било сме свесни дека управувањето со личните финансии може да биде навистина голем предизвик. Можеби мислите дека е премногу рано да размислувате за пензионирање, но времето до пензија доаѓа многу побрзо од што сме замислувале. Гледаме како промените влијаат на нашиот живот, и на времето кое доаѓа, а за тоа најмногу знаат нашите родители или баби и дедовци. Важно е да разговарате со нив за нивниот работен век и пензиите што ги примаат сега.
Како тогаш до подобра иднина и повисок животен стандард?
За да обезбедите добар животен стандард и во пензионерските денови, започнете да штедите. Постојат доброволни пензиски фондови кои се формирани со цел на граѓаните да им овозможат надополнување на пензијата од Првиот и Вториот пензиски столб и да си осигураат дополнителни примања за старост.
Придобивки од доброволните пензиски фондови се:
• Обезбедуваш дополнителен извор на средства независно од пензијата на Фондот за ПИОСМ. Твојата пензија зависи и од висината на доброволниот придонес што го уплатуваш и периодот на штедење.
• Флексибилност – Уплатуваш колку можеш и кога сакаш.
• Без разлика кога планирате да се пензионирате, средствата од доброволниот пензиски фонд можете да почнете да ги користите од 52/54 години за жена и маж.
• Наследна компонента- Во случај на смрт на член или пензиониран член на доброволен пензиски фонд, средствата од сметката на тој член може да се исплатат како наследство.
Како резултат на сите придобивки, вложувањето во доброволните пензиски фондови во целина овозможуваат да заштедите за „златните години“.
Сега е вистинското време да размислуваме за пензија, утре може да биде доцна!