Зелениот плик, кој секоја година го добивате од вашето пензиско друштво во печатена или електронска форма, ви овозможува реален увид во вашата иднина и финансиската сигурност по пензионирањето. Во овој годишен извештај за вашата пензиска заштеда се содржани сите информации за тоа колку средства имате на вашата пензиска сметка, каде се инвестирани и каков принос…
Author Archives: Enes Karakash
Интервју: 20 години реформиран пензиски систем – што постигнавме досега и што нѐ очекува понатаму?
Две децении по спроведувањето на пензиската реформа, Северна Македонија може да се пофали со пензиски систем кој е поставен на стабилни, модерни и одржливи основи кои обезбедуваат финансиската сигурност и за идните генерации. Она што започна како смела реформа, денес е целосно воспоставен модел, со јасни правила, силна регулаторна рамка и професионални друштва кои управуваат…
Твојата пензија е инвестиција за тебе и за твоите најблиски
Кога размислуваме за иднината, обично се гледаме себеси како исполнуваме желби, остваруваме планови и чекориме кон целите што си ги поставуваме. Меѓутоа, ретко кој ја става пензиската сигурност високо на таа листа. А токму таа сигурност и сè што носи со себе, влијае не само на нас, туку и на луѓето што ги сакаме. Во…
Пензија за фриленсери?
Сè повеќе млади кај нас заработуваат преку хонорарна работа, странски проекти или remote соработки и тоа генерално поради слободата што ја нуди ваквиот начин на работа – самостоен избор на клиенти и задачи, флексибилно работно време и поголема контрола врз вреднувањето на својот труд. Но, оваа слобода има и една друга страна – нема класичен…
На кои компании им се потребни пензиски шеми?
Во денешниот динамичен пазар на труд, кога задржувањето на квалитетен кадар е сè поизразен предизвик, компаниите сè повеќе вложуваат во бенефиции што создаваат долгорочна вредност. Во вакви услови, професионалните пензиски шеми се покажуваат како моќни алатки за градење стабилен и лојален тим и начин компанијата да покаже дека вистински се грижи за иднината на своите…
Како и зошто пензиските друштва ги инвестираат твоите заштеди
Дали знаеш што се случува со придонесите што ги уплаќа твојот работодавач и каде одат твоите пензиски заштеди? Секој месец, од твојата бруто плата се одвојуваат 18,8% придонеси за пензија, од кои 12,8% одат во првиот столб, за сегашните пензионери, а 6% одат во вториот столб, на твојата индивидуална сметка во избраниот пензиски фонд. Средствата…
Зошто е важно да ги разбираш пензиските термини?
Кога си млад, пензионирањето изгледа како нешто што ќе се случи во некоја многу далечна иднина. Но, токму затоа што изгледа толку далеку, многумина ја пропуштаат шансата да ги разберат пензиските концепти навреме. Пензиската заштеда се гради сега, денес, од првото вработување, затоа што кога ќе дојде времето за пензионирање веќе нема да имаш можност…
Правила за учество на едукативниот квиз ,,Размисли пред да одлучиш да „следиш“, за идната безбедност на твоите пари“
Со овие Правила се утврдува начин на спроведување на едукативниот квиз „Размисли пред да одлучиш да „следиш“, за идната безбедност на твоите пари“ што се организирани од страна на: Активностите за реализација на едукативниот квиз ќе бидат спроведени во соработка со маркетинг агенцијата ПИКСЕЛ ДОО. Целта на организирање на едукативниот квиз е подигање на свесноста…
Започнува одбележувањето на Глобалната недела на парите 2025: „Размисли пред да „заследиш“, за безбедност на твоите пари во иднина“
Агенцијата за супервизија на капитално финансираното пензиско осигурување – МАПАС како член на Координациското тело за финансика едукација и финансиска инклузија, ја известува јавноста дека планираните активности за одбележување на Глобална недела на парите ги започнува денеска и ќе ги реализира во наредниот период сè до 15 април 2025 година, самостојно и во соработка со…
Одговараме на вашите прашања – втор дел
Разбирањето на деталите поврзани со пензиските фондови и осигурувањето е клучно за финансиска сигурност. Затоа, по првиот дел одговори, продолжуваме да одговараме на вашите прашања кои ни ги поставивте преку дигиталниот формулар „Постави прашање до пензиските друштва“. Овој пат зборуваме на теми како наследувањето средства, условите за семејна пензија и што се случува со вашите…