Едукација

Ажурирање на лични податоци

Со цел точно и навремено доставување на редовните годишни известувања (зелениот плик) до своите членови, од особено значење е членовите на вториот и третиот столб да вршат ажурирање на своите лични податоци. Ажурирањето или коригирањето на своите податоци, членовите на пензиските фондови можат да го направат на еден од следните начини: Ажурирање со писмено барање – со пополнување на Барање за ажурирање/корекција на личните податоци. Притоа, заради лична идентификација на подносителот на барањето друштвото врши:Непосреден увид во документ за лична идентификација на членот преку лице овластено од друштвото или агент;Телефонски контакт со членот, при што обезбедува снимка од разговорот;Ажурирање преку интернет страница – преку својот електронски систем на интернет страницата, друштвото му овозможува на член на пензиски фонд да ги ажурира своите лични податоци: име, презиме, адреса на живеење, место на живеење, поштенски код, место за коресподенција, поштенски код за коресподенција, адреса за коресподенција, телефон и електронска пошта. Притоа, друштвото обезбедува електронска идентификација и проверка на авторизацијата на лицето кое сака да изврши ажурирање на податоците. Ажурирање преку телефонски контакт со пензиските друштва – член на пензиски фонд може да ги ажурира и/или коригира податоците кои се однесуваат на адресата за живеење или адресата за коресподенција со телефонско јавување на контакт телефоните на пензиските друштва.Друштвото го идентификува членот при што обезбедува снимка од разговорот.

Прочитај повеќе

Кој може да биде член на Третиот пензиски столб

Членови на Третиот столб можат да бидат сите лица кои се на возраст од 15 до 70 години и немаат остварено право на пензија во согласност со Законот за пензиско и инвалидско осигурување, ниту, пак, се корисници на истата, односно лица кои не повлекуваат средства во согласност со Законот за задолжително капитално финансирано пензиско осигурување и не остваруваат пензиски надоместок во согласност со Законот за доброволно капитално финансирано пензиско осигурување. Работниот однос не е предуслов за членување. Работниот однос не е предуслов за членување, па затоа членови можат да бидат и лица кои се невработени, вработени на проекти или во странски мисии, долгорочно невработени лица, лица кои немаат приходи по ниедна основа, лица за кои ќе биде уплатуван дополнителен пензиски придонес – брачни другари, членови на семејството и слично. Членот може да уплаќа: Доброволен придонес сам за себе,Во негово име и за негова сметка да уплаќа доброволен придонес трето лице (т.н. уплаќач), илиЗа него да плаќа осигурител односно финансиер на професионална пензиска шема. Лицето станува член на доброволен пензиски фонд: Со потпишување на договор за членство во доброволен пензиски фонд меѓу лицето и друштвото и со отворање на доброволна индивидуална сметкаСо потпишување на договор за членство во доброволен пензиски фонд меѓу лицето, уплаќачот и друштвото и со отворање на доброволна индивидуална сметка  илиСо учество во професионална пензиска шема и отворање на професионална сметка. Друштвото отвара доброволна индивидуална сметка или професионална сметка на членот, веднаш по првата уплата на придонес. Членот, уплаќачот и осигурителот, имаат право слободно да ја одредуваат висината на уплатениот износ на доброволен придонес и динамиката на уплатата, а промената на висината на уплатата, или прекинот на уплатата, не влијаат на правото на членство во доброволниот пензиски фонд, односно не значат прекин на членството. За Третиот пензиски столб Третиот пензиски столб односно доброволно капитално финансирано пензиско осигурување овозможува дополнително пензиско осигурување засновано на капитализација на уплатените средства. Основната цел на Третиот пензиски столб, независно од државното пензиско осигурување, е да обезбеди повисок приход по пензионирањето на вработените лица, пензиски приходи на лицата кои не се вработени или спаѓаат во категоријата на долгорочно невработени лица, лицата вработени на проекти или во странски мисии, лица кои немаат приходи по ниедна основа, дополнително пензиско осигурување на трети лица – брачни другари, членови на семејството, односно пензиски приходи на сите лица кои се на возраст од 15 до 70 години, но немаат остварено право на пензија во согласност со Законот за пензиско и инвалидско осигурување ниту, пак, се корисници на истата, односно лица кои не повлекуваат средства во согласност со Законот за задолжително капитално финансирано пензиско осигурување и не остваруваат пензиски надоместок во согласност со Законот за доброволно капитално финансирано пензиско осигурување.

Прочитај повеќе

Кој може да биде член на пензиските фондови?

Осигурениците кои прв пат пристапуваат во задолжително пензиско и инвалидско осигурување по 1 јануари 2019 година и на датумот на пристапувањето се помлади од 40 години, должни се да се зачленат и да плаќаат придонеси во задолжителен пензиски фонд (втор столб) по сопствен избор се додека имаат својство на осигуреник во задолжителното пензиско и инвалидско осигурување. Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија времено ги распределува овие осигуреници во задолжителен пензиски фонд од денот на нивното пристапување во задолжително пензиско и инвалидско осигурување. Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување МАПАС е должна писмено да ги информира времено распределените дека согласно Закон се должни да се зачленат во задолжителен пензиски фонд во рок од три месеци сметано од датумот на пристапување во задолжителното пензиско и инвалидско осигурување. Во овој рок времено распределените осигуреници имаат можност да изберат во кој задолжителен пензиски фонд ќе се зачленат со склучување на договор за членство со агент на пензиското друштво кој управува со тој задолжителен пензиски фонд. Времено распределените осигуреници кои нема да потпишат договор за членство во рок од три месеци од датумот на пристапување во задолжителното пензиско и инвалидско осигурување, по истекот на тој рок, стануваат трајно распределени членови на задолжителниот пензиски фонд во кој биле времено распределени. Осигурениците кои ќе станат трајно распределени членови во задолжителен пензиски фонд ќе добијат писмено известување од страна на пензиското друштво во кое станале трајно распределен член со информации за нивните права и обврски од членувањето. Исклучоци Осигурениците на кои стажот на осигурување им се смета со зголемено траење и осигурениците од Глава VII - Стекнување и остварување на правата на определени категории осигуреници под посебни услови, не се опфаќаат во вториот пензиски столб, доколку имаат навршен стаж на осигурување со зголемено траење кој овозможува намалување на старосната граница за остварување право на старосна пензија за најмалку една година. Осигурениците кои во текот на осигурувањето ќе добијат својство на осигуреник како индивидуален земјоделец, физички лица кои се регистрирани како вршители на самостојна дејност за трговија на мало на тезги и пазари  престануваат да бидат членови во вториот пензиски столб. Осигурениците кои се во работен однос или самовработени лица со полно работно време и за кои е утврдено ослободување од плаќање на придонесите од задолжително социјално осигурување согласно со Законот за вработувањето и осигурување во случај на невработеност, не се задолжителни членови во вториот пензиски столб за период за којшто е утврдено ослободувањето од плаќање на придонесите од задолжително социјално осигурување.

Прочитај повеќе

Главни одлики на пензискиот систем на РСМ

Пензискиот систем во РСМ се состои од три столба, и тоа: Прв столб – систем за тековно финансирање, осигурување зо основна генерациска солидарност;  Втор столб – задолжително капитално финансирано пензиско осигурување; Трет столб – доброволно капитално финансирано пензиско осигурување. Првиот столб се однесува на задолжителниот државен пензиски фонд кој функционира според принципот на генерациска солидарност, врз основа на тековно финансирање, што значи дека придонесите на тековните обврзници се користат за финансирање на пензиските надоместоци за тековните пензионери. Овој столб функционира врз основа на дефинираните пензии, што значи дека износот на резервирањата за пензии се пресметува според претходно утврдена формула. Старосните, инвалидските, семејните и минималните пензиии се исплаќаат од првиот столб. Сите тековно вработени уплаќаат придонеси за пензиско и инвалидско осигурување во првиот столб. Имено, првиот столб се финансира врз тековна основа (PAYG), а тоа значи дека со придонесите од постојните осигуреници се исплаќаат пензиите на сегашните пензионери. Вториот и третиот столб се понови во системот и значат воспоставување капитално финансирано пензиско осигурување во кое се врши капитализација на уплатените придонеси на име и на сметка на членот. Овие два столба функционираат врз принципот на т.н. дефинирани придонеси, односно кај нив однапред е определено нивото на придонеси што се уплаќа, додека пензијата се утврдува дополнително во зависност од акумулираниот износ. Задачи и функции на пензиските системи Пензиските системи имаат големa улога во општеството бидејќи обезбедуваат заштита на населението и економска стабилност на земјата. Основната задача на пензискиот систем е да овозможи исплата на акумулираните средства на вработените кога тие ќе ги исполнат законските услови за добивање статус пензионери. Пензискиот систем е специфичен и тој мора да биде дизајниран според потребите на населението, односно да овозможува исполнување на следниве функции, и тоа: · управување со пензиските фондови (менаџмент); · прибирање придонеси и податоци, распоредување и контрола; · управување со средствата, т.е. спроведување политика на инвестирање, избор на инвестиции, управување со портфолиото и управување со ризиците; · администрирање, односно одржување база на податоци за членството, водење индивидуални сметки, ИТ системи, исплата на пензии, сметководство, човечки ресурси; · чување на средствата, авторизација и порамнување (чувар); · извршување трансакции (брокери); · вреднување на средствата, односно пресметка на вредноста на нето средствата, пресметка на вредноста на сметководствената единица, откуп и ослободување од единици; · усогласеност со регулативата, известување и објавување податоци и информации, т.е. извештаи за регулаторот, за поединци или други владини институции итн.

Прочитај повеќе