Малите промени во денешните навики прават голема разлика во иднината
Сите ние имаме свесни или несвесни навики со чија промена можеме да направиме голема разлика за нашата иднина. Ако ги оставаш вклучени светлата дома, ги ставаш уредите во фаза на мирување, го оставаш полначот во штекер до следното полнење на телефонот или лаптопот, или загреваш вода во бојлерот „за секој случај“, имаме неколку совети за тебе.
Како пензиски друштва, нашата главна цел е да помогнеме во обезбедувањето посигурна иднина со создавање на пензиска заштеда од денес. Затоа ни е важно да укажеме на различните решенија за заштеда на средства, но и за заштита на природата како клучен фактор во свесното донесување корисни и одржливи одлуки.
Еве неколку едноставни совети за поодговорно користење на електричната енергија во секојдневието:
- Исклучувај ги сите електрични апарати кои не бараат репрограмирање по повторното вклучување. Фазата на мирување (stand by) ви создава непотребни дополнителни трошоци.
- Исклучувај ги светлата пред напуштање на просторијата, и најмалата количина на струја на годишно ниво создава големи трошоци.
- Користи ја машината за перење на помали температури и организирај ги полнењата за да го намалиш бројот на вклучувања.
- Не употребувај машина за сушење кога времето е топло и можеш да ги исушиш алиштата на сонце.
- Вклучувај го бојлерот кога имаш потреба.
- Машината за садови вклучувај ја кога е полна за да го намалиш бројот на перења кои трошат и струја и вода.
- Потруди се да завршиш што е можно повеќе активности со едно вклучување на компјутерот, а меѓу нив нека биде и проверката на известувања од твоето пензиско друштво, наместо да чекаш да ти стигне по пошта.
Како е поврзано користењето на енергијата со одржлива иднина?
Начинот на кој ја користиме енергијата може директно да помогне да се спаси животната средина. Заштедата на енергија го намалува загадувањето на воздухот и водата и ги зачувува природните ресурси, што пак создава поздрава животна средина за луѓето.
Енергијата е клучен фактор за климатскиот предизвик, но и за неговото решение. Создавањето електрична енергија и топлина со согорување на фосилни горива – јаглен, нафта или гас – резултира со создавање на голем дел од стакленичките гасови како што се јаглерод диоксид и азотен оксид, кои ја покриваат Земјата и ја задржуваат сончевата топлина.
Зошто е важно да размислуваме за енергетска ефикасност?
Енергетската ефикасност дава голем број еколошки, но и финансиски придобивки. Намалувањето на употребата на енергија во вашиот дом ви заштедува пари, ја зголемува енергетската сигурност и го намалува загадувањето што се емитува од необновливите извори на енергија.
Зошто е за нас важно да зборуваме за енергетска ефикасност?
Како што секоја денешна заштеда на долг рок ќе направи голема разлика во вашата финансиска сигурност, така и секоја најмала поединечна постапка прави голема разлика за доброто на природата, а со тоа директно влијае на нашето здравје и здравјето на генерациите што доаѓаат. А што би ни значела финансиска сигурност без здравјето како најголемо богатство?
Токму затоа, овој пат нашата кампања Засади желба е насочена кон обезбедување одржлива иднина, на која мораме заедно да работиме. Ти благодариме што го направи првиот чекор со тоа што си тука, на нашата веб страница. Би било супер да ни се приклучиш во активностите за општествена одговорност, но и за одговорност кон сопствената иднина. Следи нѐ на Фејсбук и Инстаграм
Супервизор на капитално финансирано пензиско осигурување е Агенција за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС) (02) 3224 229, www.mapas.mk