Добредојде на квизот „Засади желба“

Преку овој квиз ќе го провериш твоето знаење за пензиските столбови и како тие функционираат.

Секако, ние сме секогаш тука за дополнителна пензиска едукација и насока како најлесно да си испланираш посигурна и поубава иднина.

Дали пензискиот систем во РСМ е составен од 3 столба?

Пензискиот систем на РСМ е дел од социјалното осигурување и е составен од 3 столба. Истиот ја има следната структура: Осигурување врз основа на генерациска солидарност (т.н. прв столб), Задолжително капитално финансирано пензиско осигурување (т.н. втор столб) и Доброволно капитално финансирано пензиско осигурување (т.н. трет столб).

Дали ќе станам член на вториот пензиски столб доколку на 45 години го имам моето прво вработување?

Можеш да бидеш член во задолжителен пензиски фонд доколку: Првпат пристапиш во задолжително пензиско и инвалидско осигурување по 1 јануари 2019 година и на датумот на пристапувањето си помлад/а од 40 години.

Дали имам слобода на избор во кој задолжителен пензиски фонд би сакала да бидам член?

Како вработен имаш право на личен избор, во рок од три месеци од твоето прво вработување, со кое пензиско друштво ќе склучиш договор за членство во задолжителен пензиски фонд.

Дали има „чувар на имот“ кој ќе ги чува и заштитува моите средства?

Функцијата – чувар на имот, и за задолжителните и за доброволните пензиски фондови, ја вршат деловни банки кои ги исполнуваат законските услови и со кои друштвото има склучено договори за чување на имотот на пензиските фондови.

Дали моето пензиско друштво управува со моите средства во насока на нивно инвестирање во депозити во банки и акции од домашни издавачи?

Твоето друштво средствата ги инвестира најчесто во: депозити во банки, акции од домашни издавачи, обврзници од домашни издавачи, краткорочни хартии од домашни издавачи, акции од странски издавачи, инвестициски фондови од странски издавачи, итн.

Дали веднаш по моето прво вработување ќе бидам распределен член во некој од задолжителните пензиски фондови?

Веднаш по твоето прво вработување, доколку си помлад/а од 40 години, времено си распределен/а во задолжителен пензиски фонд, односно по автоматизам стануваш времено распределен член и имаш рок од три месеци да склучиш договор за членство со пензиско друштво кое е по твој избор. Во спротивно, ти ќе станеш трајно распределен член во задолжителниот пензиски фонд каде си бил/а и времено распределен/а.

Дали доколку останам без работа ќе го изгубам моето право за членство во Втор пензиски столб?

Доколку останеш без работа, ти не го губиш правото на членство во втор столб, твоите средства и понатаму се инвестираат и при повторно вработување уплатата на придонеси продолжува на истата индивидуална сметка во пензискот фонд каде и претходно си бил/а член.

Дали ако имам 22 години можам да пристапам во доброволно капитално финансирано пензиско осигурување бидејќи сакам да започнам со штедење уште веднаш за подобра иднина?

Доколку ги исполнуваш следните услови имаш право да станеш член во доброволно капитално финансирано пензиско осигурување: - Ако имаш наполнети 15 години, но не повеќе од 70 години, - Ако твојот работодавач или здружение те вклучи во професионална пензиска шема, - Не си корисник на пензија или пензиски надоместок.

Дали прекинот на месечна уплата во доброволен пензиски фонд, ќе значи прекин на членството?

Прекинот на уплатата, не значи прекин на члеството. Слободно можеш да ја одредиш висината на уплатениот износ и динамиката на уплатата во доброволен пензиски фонд.

Откако ќе станам член, сакам да имам постојан увид во состојбата на мојата сметка. Дали пензиските друштва имаат обврска да ни ја обезбедат таа можност?

Состојбата можеш да ја проверите во секое време 24/7, електронски, на веб страницата на твоето пензиско друштво со твоето корисничко име и пин доделени од страна на пензиското друштво.

Секоја година во моето сандаче пристигнува зелен плик. Дали во него има информации за состојбата на мојата сметка?

Извештајот, кој пензиските друштва ти го доставуваат еднаш годишно, содржи информација за износот на средствата кои што ги имаш на твојата индивидуална сметка во пензискиот фонд.

Одлично!

Погоди од прашања.

Се надеваме дека те едуциравме за сите можности и предности при учество во задолжителните и доброволните пензиски фондови.

Сега да те прашаме и тебе. Дали си пробал да „засадиш желба“?

Дали знаеш дека можеш да ни откриеш некоја твоја желба која може да стане реалност?

Се надеваме дека те едуциравме за сите можности и предности при учество во задолжителните и доброволните пензиски фондови.