Асоцијацијата на друштва за управување со пензиски фондови ја одржа својата прва конференција „Одржлив пензиски систем – две децении прогрес“
Оваа година се одбележуваат 20 години од реформата на пензискиот систем во Република Северна Македонија, што претставува значаен чекор кон создавање стабилен, транспарентен и одржлив систем за иднината на граѓаните.
По тој повод, новоформираната Асоцијација на друштвата за управување со пензиски фондови на Северна Македонија, основана од Сава пензиско друштво а.д Скопје, КБ Прво пензиско друштво а.д Скопје и Триглав пензиско друштво а.д Скопје, ја организираше својата прва јавна активност – меѓународната конференција „Одржлив пензиски систем – две децении прогрес“, која се одржа на 12 ноември во хотел Мериот, Скопје.
Конференцијата собра истакнати експерти од домашни институции и меѓународни организации, меѓу кои и високи претставници на надлежните министерства во Владата, кои го поздравија формирањето на Асоцијацијата и ја истакнаа важноста и улогата на капитално финансирано пензиско осигурување за стабилноста и сигурноста на идните пензии.

Со свои воведни обраќања настанот го отворија:
- Маријан Николовски, Претседател на Асоцијација на друштва за управување со пензиски фондови на Северна Македонија
- Д-р Фатмир Сабриу, Државен секретар (Министерство за социјална политика, демографија и млади)
- Дарко Саздов, Член на Советот на експерти – Агенција за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување – МАПАС
- Никола Мемов, Директор – Фонд за пензиско и инвалидско осигурување на Северна Македонија
Настанот беше збогатен со излагањата од истакнати претставници од институциите и меѓународната заедница и тоа:
- Проф. д-р Николче Јанкуловски, Заменик министер во Министерство за
финансии на Република Северна Македонија
- Проф. д-р Лазар Јовевски, Советник за трудова и социјална политика на
Претседателот на Влада на Република Северна Македонија
- Фиона Елизабет Стјуарт, Глобален раководител за осигурување и пензии,
Светска банка, САД
Клучните прашања се испреплетуваа низ четирите панел дискусии – пензиската реформа во Северна Македонија; придобивките од изминатите 20 години реформиран пензиски систем; регулативата, идните можности и алтернативи; регулација на портфолио, исплати и макроекономски врски; како и на тркалезната маса каде што се водеше отворена дискусија меѓу панелистите и учесниците со фокус на нерешени прашања, практични препораки за политики и стратешки насоки, резиме на клучните пораки и следни чекори за пензиската индустрија и регулаторите.
Учество на панел дискусиите земаа:
- Николас Фирзли (World Pension Council, Франција)
- Јулија Бер (World Bank)
- Мирослав Маринов (PAC Doverie AD, Бугарија)
- Марјан Петрески (Американ Колеџ, Северна Македонија)
- Весна Стојановска (КБ Прво пензиско друштво, Северна Македонија)
- Мати Лепала (EIOPA, Финска)
- Тодор Лилов (Budeshte, Бугарија)
- Горан Краљ (PBZ Croatia, Хрватска)
- Дарко Саздов (МАПАС, Северна Македонија)
- Мадалина Андреи (BT Pensii, Романија)
- Петар Влаиќ (Erste, Хрватска)
- Дијана Бојчета (Croatian association, Хрватска)
- Борче Треновски (Економски факултет Скопје, Северна Македонија)
- Евелина Милтенова (Bulgarian association, Бугарија)
- Изабела Адилханјан (C-Quadrat Ampega, Ерменија)
- Татјана Бојковска (Сава пензиско друштво, Северна Македонија)
- Фиона Стјуарт (World Bank)
- Ева Хорват (Raiffeisen mirovinski fond, Хрватска)
- Д-р Петар Талески (Сава пензиско друштво, Северна Македонија)
- Јехона Рамадани (Министерство за социјална политика, демографија и млади, Северна Македонија)
- Леван Вердзули (GFMTA – EBRD, Грузија)
Во текот на конференцијата се дискутираа најважните теми за идниот развој на пензискиот систем, меѓу кои: придобивките од реформата, демографските и економските предизвици, инвестициските стратегии, диверзификацијата на портфолиото, регулаторните прашања и улогата на пензискиот систем во развојот на капиталниот пазар и социјалната стабилност.
Учесниците ја истакнаа важноста на соработката и размената на знаења.

„Одржувањето на првата Меѓународна конференција со која одбележавме и две децении од пензиската реформа во Република Северна Македонија, претставува значаен чекор во нашата мисија за создавање одржлив, сигурен и модерен пензиски систем кој ќе обезбеди долгорочна стабилност и економски развој. Конференцијата покажа дека преку соработка, размена на искуства и заедничка посветеност можеме да го зајакнеме пензискиот систем и неговата улога во општеството.
Ова е само почеток на нашиот континуиран ангажман, продолжуваме понатаму со иницијативи за унапредување на стручноста, транспарентноста и довербата во системот, како и со активности насочени кон финансиска едукација и поголема свесност кај граѓаните.
Асоцијацијата, пензиските друштва, регулаторот и сите останати чинители остануваме целосно посветени на градење стабилен и одржлив пензиски систем во интерес на сегашните и идните генерации.“, изјави Претседател на Асоцијацијата и Член на Управниот одбор на Триглав пензиско друштво а.д. Маријан Николовски.

Своe обраќање имаше и Весна Стојановска, претседател на УО на КБ Прво пензиско друштво а.д Скопје и заменик претседател на Асоцијацијата на пензиски друштва за управување со пензиски фондови на РСМ, која истакна уште една критична перспектива за тековните предизвици и идната одржливост на пензискиот систем.
„Пет меѓусебно поврзани предизвици со кои се соочува пензискиот систем во државата се – демографски промени и притисокот на пазарот на труд, финансиски дефицити, адекватност и правичност на пензиите, неформална економија со ограничена покриеност, како главните проблеми со кои се соочува пензискиот систем на Северна Македонија. За да се зачува финансиската стабилност и адекватноста на пензиите, потребно е системот да се приспособи на новите реалности преку навремени и добро осмислени реформи. Најуспешните модели на пензиски фондови обезбедуваат рамнотежа меѓу финансиска одржливост, достоен животен стандард и меѓугенерациска правичност од повеќе извори на финансирање.
Пензиските друштва во изминатите 20 години покажаа успешно управување со средствата на идните пензионери остварувајќи просечни приноси на годишно ниво од 5,7%. И покрај ограничувачката рамка која не е променета од почетоткот на функционирање на пензиските фондови при зголемени инвестициски можности и голем хоризонт на инвестирање, приносите се на ниво на европски реномирани пензиски фондови. Потврда за управувањето на пензиските фондови се и наградите кои друштвата ги имаат добиено изминатите години од престижна европска институција Investment and Pension Europe.”

Во осврт на конференцијата, Снежана Станковиќ, претседател на Управниот одбор на Сава пензиско друштво а.д Скопје, додаде:
„Со особена гордост можеме да кажеме дека Конференцијата „Одржлив пензиски систем – 20 години прогрес“ беше голем успех. Овој настан не беше само обележување на јубилеј, туку потврда дека визијата за современ македонски пензиски систем, што започна пред две децении, денес е реалност. На конференцијата присуствуваа сите институции кои се дел од пензискиот систем, како и меѓународни и домашни експерти. Особено значајно е што имавме гости од земји како – Франција, Финска, Хрватска, Бугарија, Грузија, Ерменија и Романија, како и претставници на Светска банка, EIOPA и PensionsEurope. Ова е доказ дека нашата работа е препознаена и на меѓународно ниво. Клучната порака што сите ја истакнаа е јасна: одржливоста на пензискиот систем не е еднократен чин, туку постојана обврска. Демографските промени, стареењето на населението и нивото на акумулација на средства се предизвици кои бараат континуирано следење и адаптација. Затоа мора да го зајакнуваме капитално финансираниот модел и да учиме од светските практики, и позитивни и негативни. Нашата цел е јасна, стабилен, сигурен и праведен пензиски систем за сите граѓани. Уверени сме дека со заедничка работа на државата, регулаторите и пензиските друштва ќе продолжиме да го јакнеме системот кој обезбедува сигурност за сегашните и идните генерации.“
Што понатаму?
На оваа прва меѓународна конференција, на која учество земаа 15 странски и 13 домашни експерти и ја посетија повеќе од 200 гости, низ четирите панел дискусии и неформалните разговори помеѓу учесниците, се покажа дека трите пензиски друштва преку Асоцијацијата поставија важна платформа за понатамошна соработка и размена на искуства помеѓу домашните и странските експерти. Конференцијата ја потврди улогата на Асоцијацијата како платформа за професионален развој, транспарентност и етички стандарди во пензискиот сектор. Таа исто така означи почеток на поширока иницијатива за зајакнување на пензискиот систем преку континуирана соработка, едукација и иновации.
Во наредниот период, Асоцијацијата ќе започне активности насочени кон:
- Професионална обука и развој на кадарот во индустријата
- Програми за финансиска писменост на граѓаните
- Развој на политики во соработка со институции и регулатори
- Организација на идни конференции и форуми за промоција на добри практики
Оваа прва конференција, која ги истакна досегашните успеси, беше јасен сигнал за посветеноста на индустријата кон изградба на отпорен и перспективен пензиски систем за идните генерации.ја, која ги истакна досегашните успеси, беше јасен сигнал за посветеноста на индустријата кон изградба на отпорен и перспективен пензиски систем за идните генерации.
Супервизор на капитално финансирано пензиско осигурување е Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС) www.mapas.mk тел. 02/ 32 24 229
