ТРЕБА ЛИ ДА СЕ ПРИКЛУЧАМ ВО ТРЕТИОТ СТОЛБ?

Третиот столб е доброволен и во него може да штедиш доколку сакаш по пензионирањето да го задржиш квалитетот на живот што сега го водиш. Висината на средствата што ќе ги уплаќаш и динамиката на уплатата сам ги одредуваш. Сѐ што ќе заштедиш ќе биде акумулирано на твојата доброволна пензиска сметка и тие средства ќе може да ги подигнеш најрано 10 години пред стекнувањето на правото на старосна пензија.
Пресметај ја твојата потенцијална заштеда:

 

Калкулатор НЛБ Нов пензиски фонд

 

Калкулатор КБ Прво пензиско друштво

затвори
КАКО ДА ГО ДОБИВАМ ИЗВЕШТАЈОТ ПО МЕЈЛ?

Доколку си член на КБ Прв отворен задолжителен фонд или на НЛБ Пензиски фонд, може да избереш извештајот за пензиска заштеда да го добиваш на твојата е-пошта.

 

Посети некоја од експозитурите на НЛБ Банка АД Скопје и Комерцијална банка, или дојди во седиштето на твоето пензиско друштво и пополни формулар за начин на известување во присуство на овластено лице/агент на Друштвото.

затвори
МОЖE ЛИ ДА ГО СМЕНАМ ЗАДОЛЖИТЕЛНИОТ ФОНД ВО КОЈ ЧЛЕНУВАМ?

Можеш да преминеш во друг задолжителен пензиски фонд кој го управува друго пензиско друштво.

 

За да преминеш од еден во друг задолжителен пензиски фонд, треба да потпишеш договор за премин и изјава за согласност за премин. Доколку членството во постојниот фонд е пократко или еднакво на 720 дена, треба да платиш надоместок за премин, а доколку периодот на членство е подолг од 720 дена, преминот е бесплатен.

затвори
КОГА МОЖЕ ДА ГИ ПОДИГНАМ СРЕДСТВАТА?

Средствата од вториот столб може да ги подигнеш од твојата индивидуална сметка кога ќе оствариш право на старосна пензија, односно на 64 години возраст за мажи и 62 години возраст за жени, со минимум 15 години работен стаж.

 

Доколку не стекнеш право на старосна пензија, средствата од вториот столб може да ги користиш откако ќе наполниш 65 години и тие може да ти бидат исплаќани:

затвори
ЗОШТО НЕ МИ СТИГНУВА ЗЕЛЕНИОТ ПЛИК?

Дали ја промени адресата на живеење? Тогаш потребно е да ги ажурираш твоите лични податоци.

 

Доколку ги имаш доставено твојата електронска адреса или твојот мобилен телефонски број до твоето пензиско друштво, имаш можност за електронско ажурирање на твоите лични податоци. Само најави се на веб-страницата на твоето пензиско друштво и внеси ги промените.

 

Доколку немаш онлајн-пристап до твојата сметка, посети некоја од експозитурите на НЛБ Банка АД Скопје или Комерцијална банка и пополни писмено Барање за ажурирање на лични податоци.


КБ Прво пензиско друштво
Бул. Илинден бр.1, 1000 Скопје
е-пошта: contact@kbprvo.com.mk
тел: (02) 32 43 777

 

НЛБ Нов пензиски фонд
Ул. Мајка Тереза бр.1, 1000 Скопје
е-пошта: kontakt@npf.com.mk
тел: (02) 15 500

затвори
ДАЛИ СЕ СИГУРНИ МОИТЕ СРЕДСТВА?

Твоите средства во вториот столб се сигурни и управувањето со нив подлежи на строги законски прописи. Се акумулираат на твојата индивидуална сметка и потоа внимателно се инвестираат од твоето пензиско друштво, сѐ до остварувањето на правото на пензија. Постојат строги правила за инвестирање на средствата од пензиските фондови со кои се заштитуваат од евентуален пад на нивната вредност.

 

Дополнително, овие средства се целосно одвоени од средствата на пензиското друштво, се чуваат кај банката – чувар на имот и се наменети за исплата на твојата пензија.

затвори
КАКО ДА ГО ПРОЧИТАМ ИЗВЕШТАЈОТ?

Извештајот е приказ на состојбата на твојата индивидуална сметка во пензискиот фонд преку сметководствени единици.
Пример: доколку имаш уплата од 5.000 денари како придонес, а вредноста на една единица е 100 денари, тоа значи дека имаш 50 сметководствени единици (=5.000 денари/100 денари). Доколку вредноста на сметководствената единица наредниот ден изнесува 105 денари, тоа значи дека се зголемила вредноста на твоите средства и во моментот имаш 5.250 денари (=50*105 денари).

 

Подетално објаснување тука.

затвори
КАКО ДА ЈА ПРОВЕРАМ МОЈАТА СМЕТКА?

Состојбата на твојата индивидуална пензиска заштеда може да ја провериш во секое време на веб-страницата на твоето пензиско друштво (www.kbprvo.com.mk или www.nlbnpf.mk) со внесување корисничко име и лозинка.

 

Доколку не си го знаеш корисничкото име, провери го во годишниот извештај што го добиваш во зелен плик или на твојата е-пошта или, пак, јави се директно во твоето друштво. Доколку не ја знаеш својата лозинка, може да ја ресетираш преку опцијата заборавена лозинка на веб-страницата на твоето пензиско друштво.

затвори
ВО КОЈ ПЕНЗИСКИ ФОНД СУМ?

Доколку за прв пат си вработен/а по 1.1.2003 година, ти си член на еден од двата задолжителни пензиски фонда: КБ Прв отворен задолжителен фонд или НЛБ Пензиски фонд.

 

Член се станува со склучување договор во рок од 3 месеци по првото вработување. Ако не си склучил/а договор, распределен/а си во еден од двата фонда по случаен избор.

 

За да дознаеш во кој пензиски фонд членуваш, контактирај го МАПАС на: contact@mapas.mk.

затвори